КЛ: Миовски по одмазда во Солун, Динамо (З) кај непоразената Викторија (П)

61

Конференциската лига на УЕФА денеска исто така влегува во четвртата рунда од групната фаза и тоа е веќе патоказ кон нокаут-рундата во која се стремат да стигнат најголемиот дел од тимовите. Засега ниту една екипа нма загарантиран пласман во следната фаза, но голема е веројатноста денеска барем неколку екипи да имаат причина за радост.

По три кола со максимален ефект и три победи се само три екипи: Викторија (Пилзен), ПАОК и Фенербахче. Токму екипата на ПАОК вечерва ќе се обиде на домашен терен против Абердин на нашиот репрезентативец Бојан Миовски да го потврди првото место и пласманот во плеј-оф фазата од ова трето по ранг УЕФА натпреварување. Абердин ја испушти шансата да слави на минатиот меч, но останува да видиме дали Миовски и соиграчите имаат сили за изненадување денеска.

Динамо (З) на Адеми и Ристовски денеска му гостува на лидерот и непоразен тим на Викторија Плзен во обид да се издвои на второто место на табелата, за кое сега конкурираат со Балкани и Астана кои имаат идентичен број на бодови, по три.

Милан Ристовски и Спартак Трнава попладнево гостуваат кај Нордсјеланд во обид да остварат први бодови во групата, но ова за нив ќе биде уште едно многу тешко гостување. Од останатите дуели, вреди да се издвои и пресметката меѓу Лудогорец и Фенербахче која за домашните е последна надеж за пласман на местата кои водат во следната фаза.

ПретходноОАЕ со нов договор за Данило Брестовац!
СледноЉафтов во Дубаи: Ал Васл е нова приказна, ова е клуб со сериозни амбиции