Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги отвори квалификациите за ЕП 2025 година, откако на гостувањето кај Португалија беше поразена со 65-52.
Митрашиновиќ со 17 поени беше прв стрелец, Хемпе имаше 16 поени, додека Селцова запиша 15.
Нашите кошаркарки добро отворија, во воведните минути поведоа со 0-4 и 2-6. Домашната селекција се врати во мечот, со серија од 9-0 на стартот на втората четвртина поведе со 17-10, период во кој Македонија имаше проблем во нападот и одбраната.
Нов пад во играта на „црвено-жолтите“ беше доволен за да Португалките со нова серија од 9-0 да дојдат до двоцифрено водство од 29-16. На одморот резултатот беше 34-27.
Во третата четвртина целосно се смени сликата, нашите кошаркарки заиграа многу подобро, со серија од 7-0 изедначија на 37-37, а потоа и поведоа, најголемата разлика беше 42-45. Токму при овој резултат, противникот се разбуди благодарение на серија од 13-2 го врати водството (55-47).
На пет минути до крајот, Португалија ја врати двоцифрената разлика (59-49), а Ашаданов повика тајм-аут. После минута и пол, домашната селекција ги врати највисоките плус 13 (65-52). Времето работеше во корист на Португалија, која успеа да го одбрани својот терен и да дојде до важни бодови.