ЛЕ: Ајакс посрамотен дома од Брајтон, Тулуз го совлада Ливерпул

120

Тимот на Ајакс игра слабо во домашното првенство, а во ист ритам игра и во Лигата на Европа. Вечерва играше на домашен терен и доживеа пораз од Брајтон со 0:2 во 4.коло од групата. „Копјаниците“ имаат две ремија и два порази и двата од Брајтон.
Вечерва Ансу Фати го отвори резултатот за Брајтон во 15. минута, а го заокружи Адингра во 53 минута.
Во Франција екипата на Тулуз го совлада Ливерпул со 3:2. Тулуз водеше и со 2:0, па со 3:1 и на крајот Диого Жота намали. „Црвените“ стигнаа и до 3:3 во последните моменти но голот беше поништен поради прекршок. Ливерпул и покрај поразот остана прв на табелата во групата Е. Сега Тулуз е втор со седум бода. Во оваа група ЛАСК го совлада Ројал Унион со 3:1.
А Славија Прага славеше над Рома со 2:0 во меч за првото место во групата Г. Сега Чесите се лидери со 9 бода и подобра гол-разлика од Рома која е втора со исто бодови. Сервет и Шериф имаат четири односно еден бод.

ЛЕ РЕЗУЛТАТИ, 4.КОЛО
АЈАКС – БРАЈТОН 0:2
ЛАСК – РОЈАЛ УНИОН 3:0
МАКАБИ Х. – ВИЉАРЕАЛ 1:2
КАРАБАХ – БАЕР Л. 0:1
РЕН – ПАНАТИНАИКОС 3:1
СЕРВЕТ – ШЕРИФ 2:1
СЛАВИЈА П. – РОМА 2:0
ТУЛУЗ – ЛИВЕРПУЛ 3:2

ПретходноПелистер со полн плен против Голден Арт
СледноЛК: Динамо поразен во Плзен по поништен пенал и гол, Абердин и Миовски извадија бод во Солун