Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и денеска имаше успешен настап на турнирот во Ираклион. Таа во меч од 1/8 финалето успеа со 2:0 во сетови да слави над Андреа Лазаро Гарсиа од Шпанија и со тоа да оствари пласман во следното коло.
Во првиот сет Лина имаше потешкотии, но сепак со 7:5 успеа да поведе со 1:0, но затоа во вториот сет просто ја “збриша“ својата противничка и со 6:0 го доби и тој сет за конечни 2:0.