Тимот на Динамо Загреб продолжува со слабите игри во Европа сезонава. Во 4.коло на Лигата на конференции загуби на гостувањето кај Викторија Плзен со 1:0. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше дел од тимот на „модрите“ на овој меч кој го загубија мечот со гол на Чори од пенал во 35 минута (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК).
По едно нафрлување, топката го удри Периќ во раката и покрај тоа што беше завртен со грб, а судијата покажа на белата точка. Во 67 минута судијата покажа пенал за Динамо по дуелот меѓу Батурина и чешкиот голман, а потоа ја поништи одлуката по реакција на ВАР. Во 94 минута Куленовиќ погоди за 1:1, но тој гол беше поништен поради офсајд на Ристовски.
По овој пораз Динамо е последен во групата Ц, Плзен е прв со 12 бода и е патник во следната фаза. Астана и Балкани одиграа 0:0 и се на делба на второто и третото место со по 4 бода.
А Абердин и Миовски одиграа 2:2 на гостувањето кај ПАОК. Македонскиот напаѓач влезе во игра во 79 минута кога веќе беше 2:2 и тој резултат остана до крај. За Абердин ова е втор бод по 4 кола. ПАОК е лидер со 10 бода, а Ајнтрахт има 9 по триумфот на гости кај Хелсинки.
ЛК, РЕЗУЛТАТИ – 4.КОЛО
АСТАНА – БАЛКАНИ 0:0
БЕШИКТАШ – БОДО/ГЛИМТ 1:2
ЧУКАРИЧКИ – ФИОРЕНТИНА 0:1
ФЕРЕНЦВАРОШ – ГЕНК 1:1
ХЕЛСИНКИ – АЈНТРАХТ Ф. 0:1
ЛЕГИЈА – ЗРИЊСКИ 2:0
НОРДСЈЕЛАНД – СПАРТАК Т. 1:1
ПАОК – АБЕРДИН 2:2
ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН – ДИНАМО ЗАГРЕБ 1:0