ЛК: Фенербахче падна во Разград, Астон Вила со пресврт против АЗ

170

Екипата на Фенербахче по трите победи во групата Х од Лигата на Конференции го запиша и првиот пораз. Мечот на „Хувефарма арена“ во Разград беше шанса да се завери пласман во нокаут фазата но турскиот гигант доживеа пораз од 2:0.
Лугодорец победи со головите на Пјотровски во 18. и на Рван Секо во 92 минута со што се врати во игра за 1/16 финале. Во оваа група Фенер е прв со 9 бода, втор е Нордсјеланд со 7, следуваат Лудогорец со 6 и Спартак Трнава со 1 бод.
А во Бирмингем, тимот на Астон Вила славеше со 2:1 над АЗ Алкмар. Холанѓаните поведоа во 52 минута преку Павлидис. Изедначи Диего Карлос во 61. минута со својот деби гол за Англичаните, а победата ја донесе првата напаѓачка „виолина“ Оли Воткинс во 81. минута.
Тоа е трет триумф на Вила по ред во групата и сега милиметри го делат од нокаут фазата.

РЕЗУЛТАТИ, 4.КОЛО
АСТОН ВИЛА – АЗ 2:1
БРЕДАБЛИК – ГЕНТ 2:3
КЛУБ БРИЖ – ЛУГАНО 2:0
ЛУДОГОРЕЦ – ФЕНЕРБАХЧЕ 2:0
ОЛИМПИЈА ЉУБЉАНА – КЛАСКВИК 2:0
СЛОВАН – ЛИЛ 1:1
ЗОРЈА – МАКАБИ Т.А. 1:3

 

ЛК: Динамо поразен во Плзен по поништен пенал и гол, Абердин и Миовски извадија бод во Солун

ПретходноЛЕ: Леверкузен постави клупски рекорд, Марсеј победнички во Атина
СледноКошаркарките поразени од Португалија на стартот на квалификациите за ЕП 2025