“Мбапе е идиот, подобро му е да замолчи“!

1680

Фелипе Мело иако има 40 години сепак сеуште со успех настапува во дресот на Флуминенсе, со кого пред неколку дена дојде и до пехарот во Копа Либертадорес. Некогашниот репрезентативен стопер на Бразил, екс член на Јуве, Интер и др. клубови има свој коментар на изјавата на Килијан Мбапе дека фудбалот во Европа е на повисоко ниво од оној во Ј. Америка.

Килијан Мбапе е идиот. Да, во финалето на СП во Катар постигна три гола, но Аргентина стана светски првак, а Меси беше најдобар фудбалер. Тој е млад, затоа има уште многу да учи, не може така да зборува за фудбалот во Ј. Америка, подобро му е да замолчи. Тој е супер играч, секако дека до крајот на својата кариера ќе освои 3-4 “Златни топки“, но сега е подобро да замолчи. Европските клубови доаѓаат во Ј. Америка по играчи а не одат во Франција. Сум немал можност да играм против него, и затоа не знам дали е тоа среќа за мене или за него“ посочи Бразилецот.

Image

Image

ПретходноОва е најлошиот Јунајтед во изминатите 50 години, а еве што прави Бруно! (ВИДЕО)
СледноСудии за ПМФЛ: Пилешков на “центарот“ во Кратово, Стојчевски ќе им суди на Вардар и Воска!