Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот на повикани фудбалери за престојните средби со Италија и Англија, со кои ќе го завршиме квалификацискиот циклус за ЕП 2024.
На списокот се најдоа 25 имиња, меѓу кои повторно немаше место за напаѓачот на италијански Асколи, искусниот Илија Несторовски, а го нема и напаѓачот на Грасхоперс, Доријан Бабунски. Меѓу новите имиња овој пат е Тихомир Костадинов, кој се враќа во репрезентацијата по долгата пауза од терените поради повреда.