И дефинитивно Манчестер Јунајтед е во невидена криза, и играчка, и резултатска и секаква кога станува збор за клубот, за гигантот од “Олд Трафорд“. Историјата вели дека вака лош старт на една сезона овбој клуб немал уште од сезоната 1973/74. И знаете ли што се случило во таа сезона?
Е, па, Јунајтед испаднал во Втора лига.
Не дека е толку драматично во поглед на битката за опстанок, но ако се земат сите натпревари, и оне од куповите, и оние европските, тимот на менаџерот Ерик Тен Хаг одиграл 17 средби и на нив дури на 9 бил поразен. Такво нешто му се случило во таа сезона 1973/74 како што веќе рековме.
По синоќешниот шок од Копенхаген, кога Јунајтед водеше со 0:2 за да на крајот загуби со 4:3 капитенот Брубо Фернандеш едноставно не можеше да поверува.
До толку беше депримиран што излезе од соблекувална, си седна на скалите со поглед за неверување.
Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно во каква ситуација е Манчестер Јунајтед.
🎥🇵🇹 | Bruno Fernandes after yesterday’s defeat 💔 #mufc pic.twitter.com/5JHAMpZuVa
— ManUtdReports (@ManUtdReports) November 9, 2023