Вечерва се играа и натпревари во Евролигата, а во Белград во прекрасна атмосфера и полни трибини играа Партизан и Фенербахче. Мечот го добија „црно-белите“ откако се вратија по огромна негатива и на крајот победија со 85-84.
Турскиот тим имаше +14 во третата четвртина (49-63) меѓутоа домашниот тим предводен од фантастичната публика се крена и го сврте резулатот. Поведе со 79-78, па следуваше драматичен финиш по кој се радуваа „црно-белите“.
На другите мечеви:
ОЛИМПИЈАКОС – БАСКОНИЈА 74-75
ЕФЕС – ЖАЛГИРИС 86-82 по продолженија
МАКАБИ Т.А. – БАЕРН 93:90
МИЛАНО – ВАЛЕНСИЈА 83-52
Partizan fans going NUTS even after the tipoff #EuroLeague pic.twitter.com/vJ2ocaRY8n
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 9, 2023