Пех за Денвер: Мареј мора на пауза најмалку еден месец

102

Еден од најдобите кошаркари на шампионот во НБА лигата, Денвер, Џамал ​​Мареј, ќе отсуствува најмалку еден месец од натпреварите во лигата, поради повреда на тетивата.

Се проценува дека Мареј би можел да се опорави за период од три до четири недели, но се ќе зависи од тоа како ќе тече рехабилитацијата во првиот период од две недели.

Ова е голем проблем за тимот на Нагетс, за кој Мареј сезонава одигра седум натпревари на кои имаше просек од 16,7 поени.

ПретходноСавовски во полуфиналето на Купот на Србија, Лепидовски и Костиќ елиминирани
СледноКошаркарките вечерва против Португалија: Посакуваме две добри средби