Работнички – Шкупи 0:1 е резултатот по првото полувреме на мечот од 1/4 финалето во Купот на Македонија, меч кој требаше да се игра вчера, но од познати причини беше одложен за денеска.
Чаирчани доминираа во првиот дел на теренот на ФФМ, имаа шанси а голот за водство беше постигнат во 15.минута кога Адем убаво нафрли од корнер а Младеновски со шут со глава ја смести тоопката во мрежата покрај “заспаната“ одбрана на Работнички. Кука во 13.минут и во 34.минута имаше два зицери, но не успеа да му донесе поголемо водство на тимот од Чаир.