Полјаците со само 14 фудбалери на СП У17, четворица исфрлени од тимот поради пијанчење

316

Утре во Индонезија започнува Светското првенство за фудбалери под 17 години, а уште пред да почне турнирот скандал во полската репрезентација. Четворица фудбалери во тимот се пијанчеле во локален бар во Индонезија наместо да бидат во хотелот, поради што се исфрлени од националниот тим. Во меѓувреме ФИФА не им дозволи на Полјаците да повикаат нивни замени, па екипата на турнирот ќе настапи со само 14 фудбалери.
„Тие го прекршија кодексот на однесување и се санкционирани. Отпуштени се од тимот. Тие момчиња се дел од нашата фамилија, заедно поминуваме многу време. Затоа ова однесување го сметам и како личен пораз“, изјави селекторот Марцин Влодарски.
Од тимот се исфлрени Филип Розга од Краковија, Оскар Томчук и Филип Волски, двајцата од Лех и Јан Лабецки од ЛКС Лоѓ.
На СП, Полска е во група со Јапонија, Аргентина и Сенегал. Првиот меч Јапонците го играат против Јапонија на 11 ноември.

ПретходноСамо во Хрватска: Прославувале со песни на Миле Китиќ, навивачите им го прекинале тренингот!
СледноНајголеми ѕвезди на Ливерпул, а не се поднесувале