Дербито на 1/4 финалето во Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкупи требаше да се одигра вчера на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје. Но силниот дожд го уништи и онака лошиот терен на Маџари, па оваа средба беше одложена и закажана за денеска и тоа на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Јасно е дека без разлика на временските услови, на ФФМ фудбалерите на двете екипи ќе имаат убави услови да го прикажат најдоброто од себе.
А влогот е голем и за Работнички и за Шкупи. Кој ќе победи ќе биде последниот полуфиналист во Купот на Македонија и ќе им се придржи на Македонија ЃП, Тиквеш и Воска. Реално кој и да биде, Работнички или Шкупи, ќе биде голем фаворит за освојување на пехарот во Купот на Македонија.
Сепак има време за такви прогнози, денеска од 13 часот на ФФМ екипите на Работнички и Шкупи ќе ги одмерат силите во последното четврфинале, меч кој требаше да се игра вчера, ама беше презакажан за денеска.