Савовски во полуфиналето на Купот на Србија, Лепидовски и Костиќ елиминирани

74

Само еден од тројцата македонски репрезентативци во Србија успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на тамошниот одбојкарски куп. Вчера се одиграа три дуели од четвртфиналето на Купот на Србија, во кои единствено Филип Савовски со Војводина имаше причини за радост.

Во големото дерби во Нови Сад, Војводина ја пречека белградска Црвена Звезда и обезбеди убедлива победа од 3:0 (25:20, 25:19, 25:22). Нашиот среден блокер одигра добар меч во кој реализираше 6 поени, од кои еден од блок и еден од ас-сервис.

Средниот блокер на Таково Г. Милановац, Филип Лепидовски, пак загуби на гостувањето кај Раднички во Крагуевац со 3:0 (25:22, 25:18, 25:15). Младиот блокер средбата ја заврши како најдобар поентер кај гостите со 9 реализирани поени од кои три беа по одлично поставен блок.

Добар меч имаше и Лука Костиќ со екипата на Рибница, која за жал, дома беше поразена од Млади Радник од Пожаревац со 0:3 (22:25, 16:25, 22:25). Костиќ во трите сета од примачката позиција нанижа 8 поени од кои два беа по добро поставен блок.

ПретходноБаерн останува без Мусиала околу еден месец
СледноПех за Денвер: Мареј мора на пауза најмалку еден месец