Ете, тоа го има на Балканот, тоа го има во Хрватска. Имено, според медиумите во Хрватска, фудбалерите на Задар по победата над Омиш, инаку во меч од третата по ранг лига во Хрватска, прославувале во соблекувалната со српски песни, поточно со песни на српскиот пејач Миле Китиќ.
На фановите на клубот, кои се во навивачката група “Торнадо“, тоа не им се допаднало, па утредента тие им го прекинале тренингот гневни дека нивните фанови прославувале со песни на познатиот српски пејач.
На тренингот се појавила и полиција за секој случај, но за среќа немало потреба да реагира.