Спектаклот е загарантиран: Англија со Белингем, Кејн, Сака, Рашфорд, Мегваер…во Скопје! (ФОТО)

387

Во текот на попладнево селекторот на Англија, Герет Саутгејт го објави списокот на играчи на кои ќе смета на гостувањето во Скопје на 20 ноември во последниот меч од квалификациите за ЕВРО.

И како што се очекуваше, тој не експериментираше премногу, па ги повика сите свои најдобри фудбалери, најголеми ѕвезди и тоа Белингем, Кејн, Сака, Рашфорд, Мегваер, Грилиш, Фоден, Рајс…

Тоа значи дека спектаклот е загарантиран на Арената во Скопје на 20 ноември од 20:45 часот.

Од оние стандарните го нема Стоунс кој е повреден.

ПретходноМиовски на „солунски фронт“ со Вардар, Егеј, Пирин…
СледноКанатларовски го објави списокот на играчи за дуелите со Грузија и Австрија!