По новиот шокантен пораз кој Манчестер Ј. го претрпе синоќа во Лигата на шампионите, менаџерот на Англичаните, Ерик Тен Хаг изјави дека е незадоволен од арбитражата на натпреварот во Копенхаген.
„Два гола што ги примивме вечерва не требаше да бидат признати. Тоа е разочарувачки, и тоа не само денес. На многу натпревари беа донесени многу одлуки против нас. Тоа е тоа. Но, сезоната е долга, еден ден се ќе излезе во наша корист. Заигравме подобро по полувремето, но двата гола требаше да бидат поништени. Во првиот случај сигурно имаше офсајд“, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.
За комплетниот настап на неговиот тим имаше многу пофални зборови.
„Мислам дека на почетокот игравме многу , се додека не го добивме црвениот картон. Црвениот картон промени се. Видов многу позитивни работи, но на крајот малку ја загубивме концентрацијата. Тешко е да се игра со десет играчи толку долго време. Мислам дека првите 20 минути беа најдобрите кои досега ги одиграл мојот тим. И со десетмина сè уште ја контролиравме играта“.
За исклучувањето на Рашфорд, холандскиот стретег вели:
„На судијата му требаше толку многу време да одлучи за црвениот картон… Натпреварите не треба да бидат вака, ова нема никаква врска со фудбалот“.