“Бомба“ во најава: Ерлинг Халанд во Реал Мадрид?!

4712

Најновите информации велат дека Флорентино Перез и тоа како се “оладил“ во врска со трансферот на деценијата, во врска со трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. И на Дон Флорентино му било преку глава по се она што се случува на релација Мбапе – Реал, па затоа им поставил задача на своите соработници како знаат и умеат да дојдат во јануари или јуни, до Ерлинг Халанд.

Како доказ за тоа е дека на “Сантијаго Бернабеу“ се појавила менаџерката на Норвежанецот. Тоа значи дека преговорите веќе отпочнале, а како ќе завршат и што на ова ќе каже Пеп Гвардиола и моќниот Сити, допрва останува да се види.

Во секој случај ќе биде интересно во зимскиот преоден рок, а посебно во летниот.

Дали започнува нова трансфер – сага?

ПретходноЉафтов во Дубаи: Ал Васл е нова приказна, ова е клуб со сериозни амбиции
СледноПолувреме: Младеновски “тресе“, Шкупи со водство!