Раководните лица на Вест Хем размислуваат да му понудат можност на Мојс да почне да работи на друга функција во клубот по завршувањето на сезоната, бидејќи не сметаат дека тој ќе биде добар избор за менаџер на клупата на „чеканите“ и следната сезона. Според информациите на „Дејли Меил“, станува се поверојатно дека неговиот договор нема да биде продолжен.
60-годишниот Мојс кој во јануари влегува во последните шест месеци од договорот што го потпиша со Вест Хем во 2021 година, наводно е свесен дека нема да добие нов договор, па затоа веќе почнал да си бара друга работа. Се зборува дека за него е заинтересирана УЕФА која сака да му понуди работа на некоја од функциите во Европската куќа на фудбалот.