ЛЕ: Леверкузен постави клупски рекорд, Марсеј победнички во Атина

196

Екипата на Баер Леверкузен славеше победа над Карабах во 4.коло од Лигата на Европа и со таа победа постави клупски рекорд. „Фармацевтите“ предводени од Чаби Алонсо ја забележаа 11-тата победа по ред во сите натпреварувања што е најдобро нивно постигнување во историјата.
Серијата на победи почна против Хакен во 1.коло од групата на ЛЕ на 21 септември. Од тогаш имаат четири победи во ЛЕ, шест победи во Бундес лигата и една во Купот на Германија.
А Марсеј славеше на жешкото гостување кај АЕК Атина со голoви на Мбемба во 25.минута и на Сар во последните секунди од мечот. Ова е втора победа на Марсеј сезонава и е лидер во групата Б со 8 бода, Брајтон има 7, АЕК 4, а Ајакс само 2.
Мартин Мирчевски остана на клупата на Бачка во поразот на гостувањето кај Фрајбург со 5:0. Филип Трпчевски поради повреда не играше за Хакен на дуелот со Молде.

ЛЕ, ВЕЧЕРАШНИ РЕЗУЛТАТИ
АЕК-МАРСЕЈ 0:2
АТАЛАНТА – ШТУРМ 1:0
БЕТИС – АРИС ЛИМАСОЛ 4:1
ФРАЈБУРГ – БАЧКА ТОПОЛА 5:0
ХАКЕН – МОЛДЕ 1:3
РЕНЏЕРС – СПАРТА ПРАГА 2:1
СПОРТИНГ – РАКОВ 2:1
ВЕСТ ХЕМ – ОЛИМПИЈАКОС 1:0

 

ЛЕ: Ајакс посрамотен дома од Брајтон, Тулуз го совлада Ливерпул

 

ПретходноПартизан се крена по -14 и стигна до триумф над Фенербахче
СледноЛК: Фенербахче падна во Разград, Астон Вила со пресврт против АЗ