Македонија со двајца боксери на ЕП до 22 години

106

Македонија со двајца боксери ќе се престави на претстојното Европско првенство за боксери до 22 години. Ален Рустемовски и Арјан Исени ќе ги бранат боите на нашата земја на првенството кое почнува утре.

Шампионатот ќе се одржи во Будва, Црна Гора, од 10 до 20 ноември, а на истиот се очекува да настапат над 320 боксери од 38 држави.

Како новитет, за боксерите се предвидени и парични награди за освоените медали, но и за пласман во четвртфиналето. За златен медал наградата е 8000 американски долари, за сребо 4000, додека за бронза ќе се добива премија од 2000 долари. Пласман во четвртфинале ќе биде вреден 1000 долари.

ПретходноОткако Бојан ги “шекна“ Грците на првот меч: ПАОК најстрого забрани македонски знамиња на “Тумба“!
СледноОва е најлошиот Јунајтед во изминатите 50 години, а еве што прави Бруно! (ВИДЕО)