Миовски на „солунски фронт“ со Вардар, Егеј, Пирин…

910

Со десната рака им покажа тишина и молк на навивачите на ПАОК а со левата го крена симболот за Обединета Македонија кој значи Вардар, Егеј, Пирин…“, вака медиумите од Солун го најавуваат Бојан Миовски – првата „пушка“ на Абердин пред дуелот со ПАОК кој се игра за неколку часа.

Шкотскиот тим оди на „солунскиот фронт“ со својот најдобар фудбалер од Македонија, кој пред неколку недели го „парчоса“ ПАОК, но гостинот се извлече. Миовски на тој меч постигна гол, асистираше за 2:0 на Абердин а откако беше сменет „црно-белите“ направија пресврт за голема победа. Токму начинот на прослава на голот влезе во очите на медиумите од Грција кои бараа од ПАОК да го пријави Миовски до УЕФА за провокации, за политички содржини при неговата прослава, но од сето тоа ништо, па така Бојан Миоски вечерва ќе има нова шанса да го тресе ПАОК и тоа сега на негов терен.

Станува збор за натпревар од Конференциската Лига на УЕФА кој се игра од 18:45 часот на „Тумба“ во Солун во меч на кој домашните се големи фаворити и во битка за првото место во групата со Ајнтрахт Франкфурт. По ваквите најави останува да се види и слушне ракцијата на навиовачите на ПАОК кон Миоски а истите важат за едни од најрадикалните кога ќе се слушне зборот „Македонија“.

ПретходноЛина со пласман во 1/4 финалето во Ираклион!
СледноСпектаклот е загарантиран: Англија со Белингем, Кејн, Сака, Рашфорд, Мегваер…во Скопје! (ФОТО)