Нашата најдобра фудбалска репрезентација квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024 го завршува овој ноември. Прво играме со Италија во Рим на 17 овој месец, а три дена подоцна ја пречекуаваме Англија.
Во врска со мечот во Рим, официјалните информации од Фудбалската федерација на Италија велат дека досега, до вчера продадени се 30.000 билети за дуелот со Македонија, кој почнува во 20:45 часот. Нема сомневање дека “Олимпико“ ќе биде преполн. Италијанските фанови сакаат да и помогнат на својата селекција на средната со Македонија, ако се знае дека двете последни гостувања на нашата селекција во Италија завршија со реми во Торино, и со победа во Палермо.
Дуелот со “рисовите“ за Италија ќе биде од пресудно значење.
Се разбира дека на трибините на “Олимпико“ во Рим ќе има и доста наши фанови кои ќе навиваат за Македонија.