Пелистер со полн плен против Голден Арт

55

Тимот на Пелистер го совлада Голден Арт со 39-16 во меч од македонската Суперлига. Четата на Бранислав Ангеловски од почеток до крај беа супериорни во однос на Голден Арт и заслужено стигнаа до бодовите во СЦ „Јане Сандански“.
Кај Пелистер најдобар стрелец беше Петар Атанасијевиќ со осум погодоци, а Емилијан Ѓорговски постигна седум. Кај Голден Арт, Дејан Гошевски даде седум гола.
Инаку Пелистер ја запиша деветтата победа по ред.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Симеоне го продолжи договорот со Атлетико
СледноЛЕ: Ајакс посрамотен дома од Брајтон, Тулуз го совлада Ливерпул