Љафтов во Дубаи: Ал Васл е нова приказна, ова е клуб со сериозни амбиции

134

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Љафтов во Обединетите Арапски Емирати ги започнува првите сезонски настапи во новиот клуб Ал Васл. По една година помината во шампионатот на Саудиска Арабија, Љафтов реши да остане на Блискиот Исток, но сега во Дубаи каде со новиот клуб ќе се обиде да ги направи најголемите успеси во клупската историја на Ал Васл.

„Пред една недела игравме во Вицепретседателскиот Купот и успеавме да дојдеме до финалето. За жал загубивме од Шабаб Ал Ахли со 3:2. Тоа е навистина добар почеток, затоа што ова е нова екипа и се уште се запознаваме. Секако дека имавме шанси и да го освоиме купот, но сепак, се уште сме на почеток. Овде дури викендов почнува лигата, а ќе играме уште во два други купа. Така што ќе имаме време и за трофеи“, вели нашиот примач.

За новата средина и условите, Љафтов вели дека засега се функционира беспрекорно.

„Јас сум задоволен и од клубот и од амбициите кои се поставени. Тие посочија дека одат во најмала рака на пласман во уште некое финале. Минатата сезона имале слаб настап, па затоа со моето доаѓање и со ангажманот на уште двајца странци сега очекуваат многу повеќе. Од моја страна можам да кажам дека тимот е квалитетен. Имаме солидна посетеност, одбојката допрва овде добива на популарност. Годинава ќе биде и поатрактивно затоа што сега на терен можат да бидат и до тројца странци, а порано еден или двајца“.

Оваа сезона лигата на ОАЕ ќе брои 8 клуба.

ПретходноКЛ: Миовски по одмазда во Солун, Динамо (З) кај непоразената Викторија (П)
Следно“Бомба“ во најава: Ерлинг Халанд во Реал Мадрид?!