Ашаданов: Дадовме максимум, но очигледно ни недостасува уште нешто

102

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов, по поразот на стартот од квалификациите за Евробаскетот 2025 вели дека кратка ротација на бековските позиции и доминацијата во офанзивниот скок, му донесоа победа на противникот.

„Најпрво честитки за победата на Португалија, секоја пофалба и за девојките кои дадоа максимум на теренот. Интересен, но во исто време и доста исцрпувачки натпревар. Иако домаќинот отиде на паузата со предност од седум поени, девојките не се откажаа одиграа одлична трета четвртина каде во добар дел од неа и имавме водство. Покажаа карактер, но очигледно е дека за комплетен успех недостасува уште нешто. Малата, односно кратка ротација на бековските позиции и доминацијата во офанзивниот скок, на крајот му донесоа победа на противникот. Самокритични сме и знаеме дека натпреварите се играат за да се победуваат. Наше е да сумираме и да пробаме да ги решиме недостатоците во играта. Знаеме кои се тие, ќе се обидеме да ги сведеме на што пониски бројки во натпреварите кои што следуваат“, вели Ашаданов.

Следниот меч за нашата најдобра женска селекција е на 12 ноември (недела), против репрезентацијата на Србија во СРЦ „Кале“ во Скопје.

ПретходноУште колку ќе го толерираат Гарсија? Наполи не победил дома 44 дена!
СледноАнгличаните ќе ја менуваат компанијата која го работи ВАР системот во Премиерлигата