Идниот нов косопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф во понеделник и официјално ќе се здобие со 25% од акциите на „црвените ѓаволи“. Според „The Sun“ планира да направи општа чистка, подготвен е да ги пушти извршниот директор Ричард Арнолд, директорот за фудбал Џон Муртаг и директорот за фудбалски операции Дејвид Харисон.Клубот потроиш 1,4 милијарди фунти по заминувањето на Сер Алекс Фергусон и забележа релативно мал успех со тие засилувања. Во последните години се издвојуваат трансферите на Пол Погба, Антони, Мегваер, Лукаку, Санчо. Во „ерата“ на Тен Хаг се потрошени 374 милиони фунти.
Во последните години се издвојуваат трансферите на Пол Погба, за кого беа исплатени 89 милиони фунти, Антони (85,5 милиони), Хари Мегваер (80 милиони), Ромелу Лукаку (73 милиони) и Џејдон Санчо (59,7 милиони). Откако Ерик тен Хаг започна со работа пред околу година и пол, за нови засилувања се потрошени 374 милиони фунти.
Поради сето ова, Ретклиф е во преговори со Џоел Глејзер за промена на целата фудбалска структура на клубот. Сепак, позицијата на самиот Тен Хаг засега не е загрозена, бидејќи според англиските медиуми, новиот инвеститор смета дека Холанѓанецот заслужува поголема доверба по добрите работи што ги направи во последната кампања.