Во најновиот билтен на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ има неколку парични казни, но и важна опомена. Истата се однесува на тимот на Чаир 2030 година, кој во иднина се опоменува да го користи македонскиот јазик при претставување на официјалните лица за време на мечевите.
Овој тим исто така доби парична казна од 24.000 денари за фрлање на тврди предмети, како и казна за неисправни технички уреди.