Саудискиот клуб Ал Хилал може да го прекине договорот со бразилскиот напаѓач Нејмар. Според дел од медиумите, раководството на тимот ја разгледува можноста за суспендирање на договорот со играчот, а целта е да се направи простор за регистрација на нов странски играчи во текот на зимскиот преоден рок.
Ал Хилал планира да го повика играчот за да разговараат за условите за прекин на соработката. Нејмар се повреди на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај (0:2). Очекуваното време за опоравување за 31-годишниот фудбалер би можело да биде до 10 месеци. Тоа значи дека постои голема веројатност Нејмар да не се појави на терените до крајот на оваа сезона.