Барса до нов триумф: Ц. Звезда сама се победи во “Блауграна“!

208

Во меч од Евролигата, Барселона очекувано ја победи Ц. Звезда на свој терен, но неочекувано доста потешко од тоа што се предвидуваше. На крајот резултатот гласеше 86:81 во “Блауграна“, но треба да се каже дека од -17 поени гостите во последните три минути дојдоа до израмнување на 78:78 и тогаш се случуваа почетнички грешки на Теодосиќ, Недовиќ, Нејпир, потоа непотребните технички на тренерот Сферопулос и Митровиќ. Сето тоа убаво го искористи Барса и успеа на крајот да победи. Едноставно “црвено – белите“ сами се победија.

Што се однесува до стрелците, Митровиќ кај гостите постигна 22 поени, додека Паркер кај Барса имаше 20 поени.

Панатинаикос во Берлин беше убедлив и успеа да забележи победа над Алба со 85:99.

Митоглу со 24 поени блескаше кај грчкиот тим.

ПретходноРистовска со 6 гола во ремито на ЦСКА Москва!
СледноПостекоглу повторно е тренер на месецот во ПЛ, третпат во низа, Салах е најдобар играч за октомври! (ФОТО)