Денеска почнува новото коло: Во понеделник двојната штипска програма со преноси на МТВ

163

Со натпреварот меѓу екипите на Македонија Џио и Универзитет во Тетово вечерва стартува 4. коло од домашното одбојкарско првенство. Гостите кои водосегашниот дел од сезоната имаат две победи и еден пораз, како големи фаворити заминуваат во Струмица против младиот и амбициозен тим на Македонија Џио.

Останатите дуели од тековното коло ќе се одиграат утре, со исклучок на мечот меѓу Штип УДГ и Лирија кој е закажан в понеделник. Овој дуел кој е дерби на колото, заедно со дербито на колото во женска кокуренција ќе се игра в понеделник поради тв-преносот на МТВ.

Три од четирите дуели и кај дамите се закажани за утре, додека дербито Младост УДГ – Струмица ќе се игра в понеделник со преност на националниот сервис.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 4. КОЛО

ДЕНЕСКА:

19:30 Македонија Џио – Универзитет во Тетово

САБОТА:

14:00 Весна Пробиштип – Јанта Волеј

14:00 Работнички 71&22 – Сушево

16:00 Шкендија – Струмица

19:00 Борец – Вардар

ПОНЕДЕЛНИК:

20:00 Штип УДГ – Лирија

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 5. КОЛО

САБОТА:

18:00 Вардар 2019 – Јанта Волеј

18:00 Наковски Волеј – Фит Фан Волеј

19:00 Работнички – Вардар ЕМ

ПОНЕДЕЛНИК:

17:30 Младост УДГ – Струмица

ПретходноЃорческа со само еден загубен гем избори полуфинале во Ираклион
СледноЛопетеги ќе биде нов тренер на Бензема во Ал Итихад?