Кристал Палас го обезбеди Езе со договор до 2027 година

71

Еберечи Езе потпиша нов три и пол годишен договор со Кристал Палас.

Договорот ќе го задржи 25-годишниот играч од средниот ред во дресот на лондончани до 2027 година, откако влезе во последните две години од неговиот договор.

Езе потпиша за Палас од Квинс Парк Ренџерс во договор вреден 19,5 милиони фунти во 2020 година. Тој беше најдобар стрелец на клубот минатата сезона, со 10 гола во Премиер лигата, а имаше и четири асистенции.

Езе го имаше своето деби за Англија во јуни како замена во победата од 4-0 против Малта во квалификациите за ЕП 2024 и досега има два репрезентативни настапи.

ПретходноБесарт Ибраими: Струга ТЛ во Струмица оди на победа!
СледноНевиден малер: Турскиот мега – талент во Реал Мадрид повторно се повреди!