Каков меч на “Сан Мамеш“ во Билбао? Натпревар за уживање, за сите вкусови, на крајот домашниот Билбао со гол под пенал во 90+8.минута дојде до победа од 4:3. Едноставно вечерва бевме сведоци на вистинско фудбалско лудило.
Сседум голови, поништени голови од страна на ВАР, (не)реализирани пенали, убави голови, се она што го краси фудбалот, и се разбира натпревар за паметење.
Прво Селта поведе со голот на Аспас во 25.минута, а Сансет набргу израмни на 1:1. Бамба во 41.минута носи водство за гостите од 1:2, но на пауза се оди со 2:2 поради голот на Гурузета во 45+4.минута.
Само што започна второто полувреме домашните се во водство од 3:2 и тоа со голот токму на Гурузета. Во 63.минута ВАР поништува гол на Селта на Ларсен. Но во 66.минута Ларсен стрела за 3:3.
Во 72.минута ВАР покажува пенал за гостите, но Аспас не го реализира и останува резултатот 3:3. И тоа не беше се. Во 90+8.минута Билбао доби пенал, а сигурен пеналџија беше Беренгуер за конечни 4:3.
GoaL! | Athletic Club 4-3 Celta Vigo | Álex Berenguer
Crazy finish!pic.twitter.com/BQP5c0XYwN
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 10, 2023