Напаѓач на Барнли ја прекинува кариерата на 23 години поради психички проблеми

423

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Барнли, Лајл Фостер, ја прекина кариерата поради психички проблеми.

23-годишниот јужноафрикански репрезентативец ги пропушти последните три натпревари на , по што клубот официјално потврди дека Фостер морал да почне да оди на психолошки третмани.

Според статистичките податоци, секој четврти човек во Велика Британија доживува слични ситуации секоја година. Според Здружението на професионални фудбалери на Англија, повеќе од 75% од играчите доживеале одреден степен на проблеми со менталното здравје.

ПретходноЈанис постигна 54 поени, но Милвоки загуби кај Индијана (ВИДЕО)
Следно“Поплава” во Гостивар, Брегалница гостува во Речица!