Прв сезонски пораз за Ѓорѓиев, Маџунков и Лувен „газат“ и во првенството

141

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев и неговиот тим АЦХ Волеј го претрпеа првиот пораз во новата сезона на словенечкиот одбојкарски шампионат. Во големото дерби против екипата на Калцит Камник, тимот на нашиот капитен загуби со максимални 3:0 и со тоа им го препушти врвот на табелата во првенството на своите големи ривали.

Убедливата поведа на Калцит е мало изненадување, ако се знае дека АЦХ Волеј ја брани титулата од минатата сезона и имаше импресивен старт со 5 од 5 победи на стартот на сезоната. Сега Калцит е лидер без пораз по 6 кола. Нашиот Ѓорѓиев мечот го заврши со 12 поени како најдобар поентер во поразениот тим.

Во шампионатот на Белгија екипата на Лувен во чии редови настапува нашиот среден блокер Филип Маџунков и натаму прави изненадувања. По елиминацијата на Мазеик во четвртфиналето на купот, Маџунков и неговите соиграчи по вторпат за само неколку дена го совладаа вицешампионот, овој пат во меч од првенството.

Во рамките на 4. коло од пренството на Белгија, Лувен славеше кај Мазеик на гости со 3:2 и останува со максимален скор (3 од 3) на почетокот на сезоната, што е сериозно изненадување. Маџунков реализираше 6 поени и беше едне од најдобрите во тимот на Лувен.

ПретходноМајстор си е мајстор: Суарез со хет-трик ја сврте од 3:1 за 3:4 и победа за Гремио (ВИДЕО)
СледноМедисон не доаѓа во Скопје: Ѕвездата на Тотенхем го откажа повикот во репрезентацијата