Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

238

Сојузот на спортови на Скопје денеска на церемонијата која се одржа во СЦ „Јане Сандански“ ги додели наградите „13 Ноември“.

Наградата „13 Ноември“ за спортист на Скопје му припадна на Бобан Илијоски, нашиот кик-боксер кој стана европски шампион.

Со награди „13 Ноември“ се закитија и нашата фудбалска судијка Ива Пројковска, Игор Паскоски, тренер на џудо клубот Миоки Клуб Скопје, Зоран Карановиќ, генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Јана Серафимовска, спортски новинар, Јетон Муслиу, професор во Основно училиште, СУГС Никола Карев за прво место на Европско Првенство во кошарка – машки, како и за Владимир Богоевски, нашиот поранешен одбојкар, кој ја доби наградата за животно дело.

ПретходноРетклиф официјално се приклучува на Јунајтед, планира да отпушти тројца директори
СледноПрестижнo признание за Ненад Монев, избран во Men’s Football ECA Working Group