Селекторот на Италија, Лучиано Спалети попладнево го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот со Македонија на 17 ноември во Рим. Ова е меч од претпоследното коло во квалификациите за ЕВРО 2024.
На списокот нема посебни изненадувања, освен тоа дека во репрезентацијата се враќа Жоржињо кој извесен период не беше повикуван.
Инаку на списокот се наоѓаарт 29 фудбалери, да кажеме и тоа дека по мечот со Македонија, Италија ја чека дуел со Украина на 20 ноември.