Хабиб открива: Не е лесно да се одбие понуда од 40 милиони долари, но за мене парите не се приоритет!

10482

Хабиб Нурмагомедов, веројатно најголемиот борец во историјата на ММА, неодамна откри во едно интервју дека имал милионски мега – понуди да се врати во октагонот, но сите ги одбил.

Да потсетиме дека Хаби во октомври 2020 година го напушти овој спорт како непоразен со 29 победи во исто толку борби.

Не е лесно да се одбие понуда од 20 милиони долари, или 30 па и 40 милиони, само да се вратам во октагонот. Сепак за мене парите не се приоритет. Секако дека не е лесна таа одлука, ама јас кога веќе кажав дека си замина тоа е завршена приказна. Сега сум среќен и никогаш не зажалив поради таквата моја одлука“ рече покрај другото Дагестанецот.

ПретходноЛудило на “Сан Мамеш“: Билбао во 90+8.минута од пенал дојде до победа со 4:3 во меч за сите вкусови!(ВИДЕО)
Следно“Шведскиот Меси“ кој го уништи Јунајтед: Еден ден ќе бидам најдобар фудбалер во светот! (ВИДЕО)