Шведскиот ракометар Даниел Петерсон постигна дури 26 гола на натпреварот од Супер Глоуб меѓу Магдебург и Квинсленд. Натпреварот заврши со резултат 57:14, а овој 31-годишник постигнуваше голови на секои две минути минати на теренот. Промаши само еден удар и ја освои наградата за најдобар играч.
Со оглед на тоа што до 2000 година нема податоци, Петерсон го држи светскиот рекорд на големите натпреварувања. Претходно на врвот на листата беа Норвежанецот Кјетил Странд и Данецот Борис Шухел, двајцата со по 19 гола.
Што се однесува до постигнати голови во домашни шампионати, белоруското крило Никита Вајлупов дал 35 гола на меч од националното првенство на Белорусија, во 2010 година.