Англичаните ќе ја менуваат компанијата која го работи ВАР системот во Премиерлигата

264

Премиерлигата размислува да го раскине договорот со компанијата „Хок-Ај“ како нивен ВАР оператор, откако се намножија критиките од менаџерите за некои неверојатни пропусти на годинешните натпревари.

Системот наиде на големи критики во последниве недели, особено од тренерот на Арсенал, Микел Артета, по поразот на неговата екипа од Њукасл. Дополнителни грешки беа направени и во поразот на Вулверхемптон од Шефилд Јунајтед, при што главниот судија Хауард Веб се сретна со Гери О’Нил. Претходно голем пропуст имаше и на мечот меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Главната промена се очекува да биде околу операторите на камерите што ги испорачуваат видео-репризите на ВАР. Договорот на „Хок-Ај“ со Премиер лигата истекува на крајот на следната сезона, но тој би можел да биде прекинат, ако биде донесена одлука на последната седница на премиерлигашките клубови. Шефовите на лигата би можеле да бараат нова конкурентска компанија за технологија и податоци која би ја презема ВАР обврската во најсилното национално првенство.

ПретходноАшаданов: Дадовме максимум, но очигледно ни недостасува уште нешто
СледноНа „Олимпико“ ќе си подадат рака: Македонија ќе ги смирува Спалети и Тоти?!