Бесарт Ибраими: Струга ТЛ во Струмица оди на победа!

131

Утре во меч од 14.коло во ПМФЛ, шампионот му гостува на составот на Брера Струмица. По победите над Вардар и Шкендија секако атмосферата во таборот на Струга ТЛ е на највисоко ниво, секако дека момците на стратегот Шпетим Дуро посакуваат и трет триумф во низа.

Сепак Брера е тим за респект, така вели Бесарт Ибраими, најдобриот голгетер на Струга ТЛ и ПМФЛ во нејзината историја со 192 голови.

Го респектраме противникот, сепак убаво е да се искористи победничкиот моментум по средбите со Вардар и Шкендија, сакаме и трета победа во серија, тоа не го криеме“ вели Ибраими.

Бомбардеот“ не крие дека и оваа сезона целта на Струга ТЛ е самиот врв на табелата:

Не е тајна дека го посакуваме врвот на табелата, засега сме втори со само еден бод заостанување зад лидерот. Ние како екипа одиме од меч во меч со максимално залагање и посветеност. Веруваме дека повторно можеме да дојдеме до титулата. Сепак за утре во преден план е мечот со Брера Струмица, очекувам добар натпревар и добар настап на нашата екипа“ голгетерот на шампионот.

ПретходноНајавен е првиот трансфер за 2024 година, Тухел ќе добие голем талент
СледноКристал Палас го обезбеди Езе со договор до 2027 година