Со натпреварот меѓу екипите на Македонија Џио и Универзитет во Тетово вечерва стартува 4. коло од домашното одбојкарско првенство. Гостите кои водосегашниот дел од сезоната имаат две победи и еден пораз, како големи фаворити заминуваат во Струмица против младиот и амбициозен тим на Македонија Џио.
Останатите дуели од тековното коло ќе се одиграат утре, со исклучок на мечот меѓу Штип УДГ и Лирија кој е закажан в понеделник. Овој дуел кој е дерби на колото, заедно со дербито на колото во женска кокуренција ќе се игра в понеделник поради тв-преносот на МТВ.
Три од четирите дуели и кај дамите се закажани за утре, додека дербито Младост УДГ – Струмица ќе се игра в понеделник со преност на националниот сервис.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 4. КОЛО
ДЕНЕСКА:
19:30 Македонија Џио – Универзитет во Тетово
САБОТА:
14:00 Весна Пробиштип – Јанта Волеј
14:00 Работнички 71&22 – Сушево
16:00 Шкендија – Струмица
19:00 Борец – Вардар
ПОНЕДЕЛНИК:
20:00 Штип УДГ – Лирија
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 5. КОЛО
САБОТА:
18:00 Вардар 2019 – Јанта Волеј
18:00 Наковски Волеј – Фит Фан Волеј
19:00 Работнички – Вардар ЕМ
ПОНЕДЕЛНИК:
17:30 Младост УДГ – Струмица