Европски Куп: Ѓорчепетровки оптимистички заминуваат на првиот меч со Еупен

186

Македонскиот ракометен шампион Ѓорче Петров денеска на прес-конференција го најави мечот со Еупен во рамките на 3. коло на ЕХФ Европскиот куп. Ѓорчепетровки вечерва заминуваат за Белгија, каде домашните ракометарки ги очекуваат како фаворити на фартија.

„Внимателно ги следиме нивните перформанси. Веќе две недели работиме на тоа да бидеме максимално подготвени за овој меч. Девојките дисциплинирано работат и сметам дека сме подготвени. Сакаме да ја израдуваме нашата јавност и да продолжиме понатаму. Еупен има неколку ракометарки кои се натпреваруваат во младинскиот погон во Германија и Франција, па затоа не треба да ги преценуваме. Треба сериозно да се нападнат и да го одиграме она што го играме во овие три години“, вели тренерот на Ѓорче Петров, Симе Симовски.

Клубот денеска ја промовираше и соработката со Клиниката „Жан Митрев“ која ќе биде нов медицински партнер на шамоионот. Инаку, дуелот Еупен – Ѓорче Петров е на програмата в недела од 14 часот.

ПретходноЧудното правило на Инзаги: Добиеш ли жолт картон, излегуваш од игра!?
СледноЃорческа со само еден загубен гем избори полуфинале во Ираклион