Селекцијата на Израел во недела во Приштина треба да одигра меч со Косово во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024. Познато е дека голман на Израелската селекција е Омри Глазер, чуварот на мрежата на Ц. Звезда кој денеска сподели интересно видео на своите социјални мрежи.
Имено тие тргнаа со автобус кон аеродромот од каде што требаше да летаат за Приштина. Но познато е дека во нивната земја се води војна, па така во еден момент мораа да излезат од автобусот и да се сокријат во еден канал блиску до автопатот.
“Ништо не може да не спречи на патот кон ЕВРО 2024“ напиша Глазер.
Golman Crvene zvezde Omri Glazer sa saigračima beži od bombi u Izraelu😨 pic.twitter.com/gIQm1GCeRl
— sportsscandals (@sportsscandals1) November 10, 2023