Чудното правило на Инзаги: Добиеш ли жолт картон, излегуваш од игра!?

1914

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги како да е алергичен на жолти картони, се шегуваат италијанските медиуми. Имено, тренерот на „нероаѕурите“ оваа година направил 16 замени на фудбалери кои добиле жолт картон за време на натпреварите кои ги одигра Интер. Статистички, дури 60% од фудбалерите на Интер кој биле опоменати од судијата во еден дел од мечот биле во брзо време извадени од игра од страна на Инзаги.

26-те жолти картони на Интер во тековната сезона во сите натпреварувања, според пресметките доведоа до 16 замени, што е над 60% од случаите. Вредните аналитичари пресметаа дека само тројца фудбалери не беа „засегнати“ од законот на Инзаги, но единствениот кој навистина се брои е Франческо Ачерби, со оглед на тоа што другите двајца се Давиде Фратези и Карлос Аугусто кои „пожолтеа“ откако веќе влегоа како замени, па не било резонски да се очекува Инзаги и нив да ги менува.

Така, Чалханоглу е сменет четирипати по исто толку добиени жолти картони, додека Николо Барела и Хенрих Мхитарјан биле заменети во три од три случаи. По еднаш тоа сезонава им се случи и на Лаутаро Мартинез, Бисек, Бенжамин Павар, Дензел Дамфрис и Аслани.

ПретходноНа „Олимпико“ ќе си подадат рака: Македонија ќе ги смирува Спалети и Тоти?!
СледноЕвропски Куп: Ѓорчепетровки оптимистички заминуваат на првиот меч со Еупен