Мајстор си е мајстор: Суарез со хет-трик ја сврте од 3:1 за 3:4 и победа за Гремио (ВИДЕО)

192

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез синоќа потсети на своите најдобри денови, постигнувајќи хет-трик во победата на Гремио над Ботафого во бразилскиот шампионат.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Барселона синоќа на натпреварот со Ботафого постигна хет-трик со кој направи целосен пресврт за својата екипа, која беше во негатива од 3:1, а на крајот победи со 3:4. Во 47. минута од натпреварот Гремио беше на колена, откако Ботафого погоди за 3:1. Сепак, Суарез стапи на сцена и работите почнаа да се менуваат.

„Ел Пистолеро“ првпат погоди во 50. минута. Само три минути подоцна Суарез постигна уште еден гол за Гремио и израмни на 3:3.

Уругваецот хет-трикот го спроведе во 69. минута, па Гремио на крајот славеше голема победа.

Во 82. минута со овации од трибините Суарез го напушти теренот.

Претходно“Поплава” во Гостивар, Брегалница гостува во Речица!
СледноПрв сезонски пораз за Ѓорѓиев, Маџунков и Лувен „газат“ и во првенството