Нант повторно му се поклони на „Кралот Лазаров“ – го смести меѓу најголемите легенди (ФОТО)

2887

Кирил Лазаров, актуелниот македонски селектор, својата играчка кариера ја заврши како член на Нант. Ретко кој може да го заборави како францускиот тим го испочитува најдобриот македонски ракометар, организирајќи посебна церемонија посветена токму на него. Тогаш го седна на кралска столица, нарекувајќи го „Кралот Лазаров“.

Нант слави 70 години од своето постоење, а уште еднаш ја покажа својот почит кон Лазаров, го смести меѓу најголемените легенди.

„Тоа се легендарни ракометари на Нант, кои овозможија клубот да расте и да сјае на највисоко ниво“, се вели во најавата за овој настан.

Покрај Кире Лазаров, место на „ѕидот на легендите“ на Нант има и за Рок Фелињо, Доминик Клајн, Алберто Ентрериос, Махмуд Гарби, Фредерик Голе и Бруно Соуза.

ПретходноДилета ја доби десетката на Севиља
СледноРетклиф официјално се приклучува на Јунајтед, планира да отпушти тројца директори