“Поплава” во Гостивар, Брегалница гостува во Речица!

1703

Поради поплава и голема количина на вода на стадионот во Гостивар, утрешниот меч на оваа екипа со Брегалница ќе се игра во Речица. Таков допис од Гостивар пратиле до ФФМ и до клубот од Штип како известување дека утрешниот прволигашки меч ќе се игра на второлигашки терен.

Теренот во Речица е место каде лани Гостивар ги играше своите првенствени средби од второлигашката конкуренција. Турските спозори вложија многу средства во реконструкција на теренот кој ете „падна на испит“ по првите пообилни дождови во Гостивар.

Да потсетиме дека поради врнежите во средата не се одигра дуелот Работнички – Шкупи од Купот на Македонија, кој беше одложен, а наместо на Маџари се играше следниот ден на терените на ФФМ.

ПретходноНапаѓач на Барнли ја прекинува кариерата на 23 години поради психички проблеми
СледноМајстор си е мајстор: Суарез со хет-трик ја сврте од 3:1 за 3:4 и победа за Гремио (ВИДЕО)