Српскиот судијата Александар Глишиќ се најде во центарот на вниманието, но за жал не по убава информација. За цреме на меч од Лига на шампиони на ФИБА, падна и се здоби со тешка повреда, скинати вкрстени лигаменти.
Во третата четвртина за време на пресметката меѓу Тенерифе и Рига, Глишиќ се сопна и падна, мораше да биде изнесен со носилки. Арбитерот се обидуваше додека се движи да сигнализира неспортска грешка, но потоа се случи несреќната повреда.
Натпреварот заврши со доминантна победа на домашните, бидејќи Тенерифе славеше над Рига со 76-55.
Aleksandar Glisic, a referee of the BCL, unfortunately suffered a torn cruciate ligament during the Lenovo Tenerife – VEF Riga game 🙏
🎥 @BasketballCL pic.twitter.com/zw5vCTIcyp
— BasketNews (@BasketNews_com) November 10, 2023